19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Во вистински момент“: Американците му продаваат оружје на Израел за 735 милиони...

„Во вистински момент“: Американците му продаваат оружје на Израел за 735 милиони долари

Администрацијата на Џозеф Бајден одобри можна продажба на оружје на Израел во вредност од 735 милиони долари, а извори во Конгресот изјавија дека не очекуваат спротивставување на тој договор и покрај конфликтот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

Истите извори наведуваат дека Конгресот бил официјално информиран за комерцијалната продажба на 5 мај.

Според законите на САД, по официјалното известување, Конгресот може да го изрази своето спротивставување во рок од 15 дена, што, и покрај сегашните конфликти меѓу двете страни, не се очекува.

Договорот вреден 735 милиони долари се однесува на продажба на софистицирано, прецизно управувачко оружје.

Силната поддршка за Израел е од клучна вредност за демократските и републиканските членови на Конгресот, иако неколку членови на крајното левичарско крило на демократите повикаа на поостар пристап кон израелската влада на Бенјамин Нетанјаху.

Законите на САД му дозволуваат на Конгресот да се спротивстави на продажбата на оружје, но тоа е малку веројатно во овој случај.

Израел е една од ретките земји со кои договорите за оружје се одобруваат со забрзана постапка, а можниот рок за приговори ќе истече пред законодавците да донесат резолуција со која не се одобрува продажбата на оружје.

Во Појасот Газа има повеќедневен конфликт меѓу Израел и Хамас, во кој веќе се убиени десетици луѓе, претежно цивили. Двете страни гранатираат градови, а неодамна се појави можна ескалација на конфликтот, со влегувањето на израелските копнени сили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП