29 март, 2024
ПочетнаКОРОНАСАД ќе испратат 80 милиони вакцини низ светот

САД ќе испратат 80 милиони вакцини низ светот

Американскиот претседател, Џо Бајден, најави дека САД до крајот на јуни ќе донираат 80 милиони американски вакцини, од кои 60 милиони дози вакцини на „Астразенека“ и најмалку дополнителни 20 милиони дози на вакцини кои се одобрени за употреба во САД, соопшти Белата куќа.

„Ние настојуваме да собереме конкретни обврски што можат да се исполнат од други влади и партнери од приватниот сектор за да овозможиме повеќе вакцини, да го поттикнеме производството на вакцини и суровини, да обезбедиме вакцини низ целиот свет и помош на здравствената заштита со цел спасување животи и запирање на ширењето на Ковид-19, сузбивање на пандемијата и закрепнување на економиите“, се вели во соопштението.

Оваа најава на администрацијата на Бајден е следниот чекор во интензивирањето на напорите на САД да се справи со Ковид-19 низ целиот свет, се додава во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП