6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕфектот на Маск: Биткоинот тоне на најниско квартално ниво

Ефектот на Маск: Биткоинот тоне на најниско квартално ниво

Биткоинот падна на најниско квартално ниво во понеделникот, бидејќи инвеститорите продаваа криптовалути откако Илон Маск викендов навести дека Тесла размислува да продаде или можеби веќе ги продала своите залихи на биткоин.

Страствената поддршка на Маск за криптовалутите неодамна го „запали“ пазарот на криптовалути. Но, во последно време, пазарот на криптовалути повторно се разниша, откако се потсмеваше на новата иронична криптовалута “догикоин”. Пресвртот ги потресе и најстрасните трговци на криптовалути, пишува Блумберг.

Биткоинот падна за повеќе од 9 проценти во понеделникот, на 42.185 долари, што е најниско од 8 февруари, додека етерот падна за околу осум проценти, на 3.227,22 долари. Догикоин падна скоро 7 проценти, на 0,48 долари, а сите три криптовалути се далеку под неодамнешните рекордни највисоки нивоа.

Објавувањето на Маск на почетокот на февруари дека Тесла инвестирал 1,5 милијарди долари во готовина за да купи биткоин, влијаеше на рекордно високата вредност на криптовалутата и ги легитимираше виртуелните валути, кои се проценуваа како сигурна инвестиција во последните месеци, и покрај долгогодишниот скептицизам.

Сепак, минатата недела, неговиот коментар на социјалните мрежи ги шокираше љубителите на криптовалутите, дури и откако Маск ја повтори поддршката за целокупните дигитални валути.

Маск минатата недела изјави дека Тесла ќе престане да прифаќа биткоини заради еколошките проблеми, поради големата употреба на енергија за обработка на трансакции. Во одбрана на својата одлука, Маск во неделата објави дека Тесла можеби ги продал своите биткоини.

Како одговор на непроверениот профил на Твитер, наречен @CryptoWhale, во кој се вели: „Биткоинерите ќе бидат исшамарани кога ќе дознаат дека Тесла го отфрли остатокот од своите #Bitcoin залихи. Со количината на омраза која ја добива @elonmusk, јас не би го обвинувал…. “.

Сè уште е нејасно дали Маск ја потврди продажбата или се осврна само на фактот дека се соочи со критики.

Минатата недела, кога Маск рече дека Тесла ќе престане да прифаќа плаќања со биткоин, тој исто така рече дека Тесла нема да ги продава своите биткоини, но криптовалутата падна за речиси една четвртина по неговата одлука Тесла повеќе да не тргува со биткоини.

Догикоин, исто така, сè уште не е целосно закрепнат од Маск, опишувајќи го како „измама“, иако минатата недела ја зголеми својата цена велејќи дека работи на подобрување на ефикасноста на рударење.

За криптовалутите како инвестиција која на инвеститорите во догикоин им донесе 100 пати поголема вредност, етерот за скоро четири пати и биткоинот за околу 45 проценти, се чини дека криптовалутите завршија како безбедна инвестиција.

Тргувањето со криптовалути нагло порасна за време на викендот, со сè повеќе луѓе кои ги продаваат своите криптовалути, изјави Крис Вестон од брокерската куќа „Пеперстоун“ во Мелбурн.

„Ги суспендирав сите мои инвестиции во биткоин и етериум, едноставно ќе чекам да се смири прашината“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП