8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHypo вбризгува капитал на Балканот

Hypo вбризгува капитал на Балканот

hypo2

Австриската банка „Hypo Alpe Adria“ најверојатно ќе мора да вбризга капитал во своите сестрински банки на Балканот, кои мора најдоцна до средината на 2015 година да ги продаде.

Мрежата на банки на Балканот, која треба да се продаде, е јадрото на „Hypo“, која во текот на кризата мораше да ја преземе австриската држава.

Неименуван извор, како што пренесува агенцијата АПА, тврди дека на „Hypo“ банката во Србија, поради загуба во врска со кредити, ќе и биде потребен додатен капитал од централата.

Исто така, како што додава агенцијата, поголем капитал ќе им биде потребен и на банките во Словенија.

Дали и колку единици на „Hypo“ на Балканот ќе бидат поддржани во тековната година, засега останува отворено прашање.

За да се олесни продажбата во тешката средина, според неименувани внатрешни извори, секој ризик треба да биде намален, што подразбира корегирање на вредноста на банката.

Ивеститорите се интересираат само за компании без стари долгови, а преговорите се очекуваат на есен.

Заинтересираните купувачи можат да дадат понуди за одвоени делови и поединечни сестрински банки, иако моментално „продавачите“ навистина би сакале решение „во пакет“.

Од Австрија постои заинтересираност на „Erste“ групацијата за сестринската банка на „Hypo“ во Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП