23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската машинска индустрија смета на пазарите во развој

Германската машинска индустрија смета на пазарите во развој

Германските производители на машини очекуваат раст на побарувачката во Бразил, Русија, Кина и Индија, соопшти здружението „VDMA“, осврнувајќи се на закрепнувањето на индустријата ширум светот.

Деловната состојба во моментов е позитивна, а изгледите за втората половина на годината се ветувачки, објави „VDMA“.

Меѓу проблемите се ограничувањата за патувања и недостигот на суровини и репроматеријали.

Приходите во Бразил, Русија, Индија и Кина, група на големи економии во развој, годинава ќе растат со двоцифрена стапка, предвидуваат членовите на здружението.

„Инженерскиот сектор целосно се опорави по пандемискиот шок во минатата година, особено во Кина“, посочуваат од „VDMA“, истакнувајќи дека 61 процент од анкетираните компании во Кина ја оцениле деловната состојба како добра. Повеќе од една третина сметаат дека е задоволително и само четири проценти сметаат дека е лошо.

Во Русија, компаниите ги зголемија приходите во минатата година и покрај пандемијата и се очекува да пораснат нешто повеќе од 10 проценти во оваа година, соопшти „VDMA“.

Во Индија, која се бори со смртоносен бран на вирусот, скоро половина од анкетираните компании изјавија дека нивните нарачки во моментов се над нормалните нивоа.

Зголемениот број на заразени во азискиот гигант веројатно ќе го забави закрепнувањето на индустријата и 49 проценти од анкетираните компании очекуваат нарачките да останат непроменети во следните три месеци. Околу 19 проценти сметаат дека ќе се намали, а 32 проценти сметаат дека ќе се зголеми.

Во Бразил, најважниот пазар и производствената локација на машинската индустрија во Латинска Америка, 35 проценти од испитаните компании ја оценуваат деловната состојба како добра, а 60 проценти како задоволителна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП