18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на цените на нафтата

Раст на цените на нафтата

nafta2

Ниските залихи на гориво во САД и добрите податоци за кинеската трговија го поттикнаа растот на цената на нафтата која поскапе на двата референтни пазари во САД и Европа.

На берзата во Њујорк еден барел нафта за септемврискиот термин за испорака моментално чини 104,88 долари, или 51 цент повеќе отколку на крајот на претходното работење, додека пак, на Лондонската берза е забележан „скок“ на основната енергетска суровина од скромни 19 центи, на 107,63 долари за барел.

Според податоците на Американскиот институт за нафта, залихите на сирова нафта во САД се намалиле, во неделата заклучно со 2 август, за близу 3,7 милиони барели, на 336,3 милиони барели, пренесува агенцијата АП.

Берзанските аналитичари претходно очекуваа пад на нафтените залихи на САД од два милиони барели, а малку возбуда на пазарот предизвика извештајот на Енергетската информативна агенција на американската влада, во која се наведува дека залихите на нафта во водечката економија на светот се намалиле, во текот на изминатите недели, за 1,3 милиони барели.

Денешното поскапување на нафтата следи, како што се истакнува во агенцискиот извештај од Лондон, и поради фактот дека кинескиот извоз и увоз изминатиот месец бил поголем отколку што прогнозирале трговските експерти.Тоа упатува на заклучоткот дека, втората економија во светот во наредните месеци би можела, сепак, да расте по малку побрзо отколку што расте во моментов.

Поголемиот економски раст во Кина, во секој случај, беше добра вест за извозниците на нафта, имајќи во предвид дека најнаселената земја на светот е втор најголем, после САД, глобален увозник на таа суровина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП