Човек од Калифорнија кој добил над 5 милиони долари помош во рамките на програмата (Програма за заштита на платите) на компании кои се загрозени поради пандемијата на коронавирусот, ги искористил парите за купување на луксузни автомобили.
За време на пандемијата, поточно од мај минатата година, Мустафа Кадири (38) купил половно Ferrari 458 Italia, Lamborghini Aventador S и Bentley Continental GT. Тој сега е уапсен, а покренато е и обвинение за измама и перење пари.
Тој започнал со своите напори да добие помош во средината на минатата година и се пријавил во три различни банки за наводно да му помогнат на бизнисот на неговите четири компании со седиште во Калифорнија. Тој користел лажен идентитет за пријавување, а подоцна било утврдено дека ниту една компанија не работела.
Кадири е уапсен и му се заканува казна затвор од 302 години.