16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГостување во емисија го чинеше ексцентричниот милијардер 20 милијарди долари

Гостување во емисија го чинеше ексцентричниот милијардер 20 милијарди долари

Менаџерот на Тесла, Илон Маск, наводно, осиромашил за повеќе од 20 милијарди долари откако се појави како домаќин во емисијата “Saturday Night Live”.

Нето-вредноста на американскиот бизнисмен падна од 166 милијарди на 145,5 милијарди долари, откако минатата недела акциите на производителот на електрични автомобили „Тесла“ потонаа за околу 15%, покажуваат податоците што ги следи магазинот „Форбс“.

Без оглед на тоа, Маск сепак третиот најбогат човек во светот.

За време на своето деби на оваа забавна емисија, ексцентричниот милијардер откри дека тој е „првиот човек со Аспергеров синдром кој го водел шоуто – или барем првиот што го признал тоа“.

Претприемачот зборуваше и за најновите случувања на пазарот на крипто-валути, како што се Биткоинот и Догекоинот, и даде шокантна проценка дека е ова втора „празна приказна“. Маск претходно јавно ја промовираше таа криптовалута, со што цената се искачи на рекордни нивоа.

Неговите коментари дадени во таа емисија го потресоа пазарот на крипто валутите, со тоа што монетата падна за повеќе од 30 проценти во рок од 24 часа.

Во меѓувреме, Dogecoin повторно започна да расте по новиот твит на Маск и објавата на платформата Coinbase дека тој ќе ја вклучи таа валута во понудата.

По појавувањето на ТВ, Маск исто така објави дека Тесла се откажува од прифаќање на биткоин како платежно средство за неговите автомобили.

Најновите потези на Маск, наводно, ги збунија инвеститорите, предизвикувајќи дополнителна нестабилност на цените на акциите на Тесла, кои паѓаа во текот на минатиот месец поради општата продажба на акции на големите технолошки гиганти на берзата и зголемената несигурност во врска со бизнисот на производителот на автомобили во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП