27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСреброто поскапе за повеќе од 70% за една година. Дали сè уште...

Среброто поскапе за повеќе од 70% за една година. Дали сè уште има потенцијал за раст?

Среброто често е засенето од златото и далеку од интересот на инвеститорите.

За минатата година, сепак, неговата цена се зголеми за 70%, а според аналитичарите цитирани од „CNBC“, благородниот метал сè уште има потенцијал за раст.

Побарувачката за сребро значително се зголеми во последните 12 месеци. Во моментов се тргува со околу 27,30 долари за унца, а пред една година цената беше 15,50 долари.

Растот за последната година е 74 проценти. За споредба, златото порасна за само 6,4% во текот на истиот период.

Среброто наоѓа практична примена во многу индустрии – од фотографијата и електрониката до производство на накит и сувенири. Поради својата висока електрична спроводливост, се користи во многу компоненти на современи компјутери, мобилни телефони, автомобили и апарати за домаќинство.

Според податоците на „Silver Institute“, побарувачката за сребро значително ја надминува понудата од почетокот на 2021-ва година.

Околу 50% од тоа доаѓа од индустријата, а другата половина е за инвестициски цели. Сепак, токму индустриските купувачи се во коренот на порастот на цените, велат експертите. Овој тренд е забележан и кај другите индустриски метали, како што е бакарот, кој исто така нагло се зголеми.

Пренасочувањето кон повеќе „зелени“ технологии придонесува и за зголемената побарувачка на сребро, кое исто така се користи во производството на соларни панели.

Досега невидениот паричен стимул од страна на централните банки е исто така клучен фактор во цената на скапоцените метали, коишто инвеститорите ги сметаат за заштита од инфлацијата.

Засега цената на среброто остана далеку под рекордните нивоа од 2011-та година, кога достигна скоро 50 долари за унца. На долг рок, не се очекува побарувачката да се намали, што значи дека останува потенцијалот за нови зголемувања.

Со отворањето на светската економија по кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, индустриската побарувачка веројатно ќе расте. И, заедно со неа, инвестицискиот интерес ќе се зголеми.

Досега, некои од главните ризици за благородниот метал се поврзани со сè уште активното ширење на коронавирусот во некои земји во развој и особено во Индија. Влошувањето на состојбата таму може да доведе до нови потреси во одредени сектори.

Засега, сепак, глобалната побарувачка останува посилна од понудата, велат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП