26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФорбс ја објави листата "Глобал 2000" на најголемите светски компании

Форбс ја објави листата “Глобал 2000” на најголемите светски компании

Од 2003 година, Форбс ја следи работата на најголемите светски компании, мерејќи ги нивните перформанси врз основа на четири критериуми: вредност на активата, пазарната вредност, продажбата и профитот и ги рангира на својата листа Глобал 2000.

Минатата година, на списокот беа прикажани контурите за тоа како пандемијата ќе има влијание врз бизнисот на најуспешните компании во светот, а на годинешната листа, ги гледаме резултатите од дванаесетмесечниот пад на пазарот, пишува Форбс.

Резултатите генерално не се лоши. Како што централните банки дозволија негативни каматни стапки, инвеститорите утврдија дека нема алтернатива за капитални вложувања. Глобалниот пазар на акции порасна за околу 48 проценти минатата година, и иако профитот и продажбата паднаа минатата година, вредноста на активата и пазарната вредност на компаниите од листата на Глобал 2000 се зголемија.

Најниската вредност што е потребна за компанијата да се најде на листата оваа година е 8,26 милијарди долари, што е за околу 3 милијарди долари повеќе од минатата година.

На првите 10 места на листата на најголеми компании во светот, има 5 американски, 4 кинески компании и една компанија од Саудиска Арабија. Подредени се по следниот редослед:

1.ICBC
2.JPMorgan Chase
3.Berkshire Hathaway
4.China Construction Bank
5.Saudi Aramco
6.Apple
7.Bank of America
8.Ping An Insurance Group
9.Agricultural Bank of China
10.Amazon.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП