13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинескиот извоз ги надмина очекувањата

Кинескиот извоз ги надмина очекувањата

kina7

Скокот на кинескиот извоз во минатиот месец, кој е поголем од очекуваниот, ја обнови надежта за стабилизација на втората светска економија по големина.

Како што пренесува Ројтерс, извозот на Кина во јули се зголемил за 5,1 проценти во однос на истиот месец од претходната година, додека во јуни е забележан пад на вредноста на извозот за 3,1 проценти.

Исто така, стапката на раст на извозот во претходниот месец, ја надмина проценката на аналитичарите кои во просек предвидуваа раст од три проценти на годишно ниво.

Бидејќи увозот скокна за 10,9 проценти, што е за пет пати повеќе од очекуваното, трговскиот суфицит во вредност од 17,8 милијарди долари, остана под предвиденото ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП