8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора воведува акциза на СЛАДОЛЕД

Црна Гора воведува акциза на СЛАДОЛЕД

Од 1 јули во Црна Гора значително ќе се зголемат акцизите за тутунските производи, алкохолните пијалоци, а ќе се воведе и акциза за сладоледот.

Ова е предвидено со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите, што го утврди владата во четвртокот „со цел да се сузбијат негативните ефекти што ги има употребата на тутунски производи, алкохолни пијалоци и производи со додаден шеќер врз здравјето на граѓаните“, соопшти владата.

Со измените и дополнувањата се предлага зголемување на акцизата за фино исечен тутун од 45 евра за килограм на 55 евра, за друг тутун за пушење од 25 евра на 35 евра за килограм и за не запалив тутун, за кој се плаќа акциза за килограм со нето тежина, се предлага да се зголеми на 70 проценти од минималната акциза, пренесува РТЦГ.

Предложениот закон планира да ја зголеми акцизата за газирани пијалоци од 25 на 35 евра за хектолитар и да се воведе акциза за производи од шеќер, какао и сладолед, што би се плаќало во износ од 0,6 евра за килограм.

Планирано е да се зголеми износот на акцизата за пивото од пет на седум евра за волуметриска содржина на алкохол по хектолитар пиво, како и на пенливите вина од 35 на 40 евра по хектолитар и да се воведе акциза за другите не пенливи ферментирани пијалоци од 35 евра по хектолитар.

Зголемувањето на акцизата за тутун и производи од тутун и воведувањето нов акцизен производ ќе ги зголеми приходите на буџетот за околу 16,8 милиони евра, според РТЦГ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП