24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвионскиот транспорт во Европа е сè уште далеку од закрепнување (ИНФОГРАФИК)

Авионскиот транспорт во Европа е сè уште далеку од закрепнување (ИНФОГРАФИК)

Авионскиот транспорт беше еден од најпогодените сектори од пандемијата со Ковид-19 на почетокот на 2020-та година.

Во последниве недели имаше одредено движење и мало зголемување на побарувачката за авионски билети, но податоците на Евростат покажуваат дека заздравувањето на авионската индустрија сè уште изгледа далеку.

Првиот удар во март 2020-та година, што го нанесе пандемијата на секторот, доведе до пад од 44% на годишно ниво во бројот на закажани летови.

Во април, мај и јуни минатата година, кога анти-епидемиските мерки стапија во сила во повеќето европски земји, беше регистриран најсилен пад – соодветно 91%, 90% и 84% за трите месеци.

Во летото 2020-та година, имаше само делумно закрепнување со годишни падови од 64% во јули и 53% во август.

Во есенските месеци, кога вториот бран на пандемија се прошири кон Европа, летовите повторно паднаа за 59% во септември, 62% во октомври, 68% во ноември и 67% во декември.

Во првите месеци од 2021-ва година нема силни сигнали за можно обновување на воздушниот транспорт.

Во јануари 2021-ва година намалувањето е за 68% во споредба со истиот месец од 2019-та година, во февруари е за 73%, во март  за 71% и во април за 70%.

Најголем пад на бројот на летови пријавуваат најголемите европски аеродроми. Шарл де Гол во Париз забележа пад од 67% во април 2021-ва година, во споредба со април 2019-та година. Летовите од и кон Амстердам исто така паднаа за 67%, во Франкфурт падот беше 65% и во Минхен за 81%.

Летовите кон Барселона, Рим и Даблин исто така паднаа за помеѓу 76% и 86% од истиот месец пред две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП