29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВластите во САД ја „чешлаат“ најголемата берза за криптовалути во светот

Властите во САД ја „чешлаат“ најголемата берза за криптовалути во светот

„Binance“, најголемата светска берза за криптовалути според обемот на трансакции, е цел на истрага на американските власти за перење пари, пишува „Bloomberg“.

Официјални лица специјализирани за истраги за данок и перење пари ја испитуваат најголемата берза за криптовалути во светот, се вели во извештајот.

„Binance“ работи со широко распространета глобална област на трговија со криптовалути, вклучувајќи деривати, кои во основа се забранети на американскиот пазар. До неодамна, „Binance“ очекуваше дека притисокот на регулаторот нема да се однесува на нив. Поранешниот банкарски регулатор Брајан Брукс беше назначен за претседател на одборот на подружницата на „Binance“ во САД во текот на минатиот месец. Инаку „Binance“ е со седиште на Кајманските острови.

„Ние ги сфаќаме нашите законски обврски многу сериозно и соработуваме со регулаторите и агенциите за спроведување на законот“, рече портпаролката на „Binance“.

„Напорно работевме за да изградиме робусна програма за усогласување, која вклучува принципи и средства за спречување на перење пари што финансиските институции ги користат за откривање и решавање на сомнителни активности“, додаде таа, притоа одбивајќи да ја коментира пријавената истрага.

Истрагата за „Binance“ е уште еден удар врз крипто-сцената на денот кога беше избришана пазарната капитализација од 365 милијарди долари на пазарот на криптовалути. И сè започна од синоќешните твитови на Илон Маск.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП