3 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАШто се случува ако примите прва доза од Астразенека и втора доза...

Што се случува ако примите прва доза од Астразенека и втора доза од Фајзер?

Бидејќи се појавија проблеми со вакцината AstraZeneca, разгледана е можноста за мешање на вакцината, а резултатите од новата, обемна студија покажаа дека возрасните најверојатно имаат лесни или умерени несакани ефекти по мешање на дозите на Астразенека и Фајзер.

Многу земји ја ограничија употребата на вакцината на Астразенека, некои, како Норвешка, ја укинаа постепено.

Според прелиминарните резултати од новата студија објавена во медицинското списание „Лансет“, се чини дека ова не треба да претставува проблем и дека нема никакви пречки за давање вакцина на Фајзер во втора доза по Астразенека.

При комбинирање на овие две вакцини, пријавени се несакани ефекти – треска, главоболки и болки во мускулите, но сепак малку почесто отколку кога и двете дози се од ист производител. Сите несакани ефекти, сепак, траеле кратко.

„Тоа е навистина интригантно откритие и не е сосема очекувано“, рече проф. Метју Снејп од групата за вакцини на Оксфорд, пишува Би-Би-Си.

Студијата Ком-Ков беше лансирана во февруари за да се види дали комбинацијата на две различни вакцини во две дози може да обезбеди подолготраен имунитет и подобра заштита од нови варијанти или едноставно да им овозможи на клиниките да ги менуваат вакцините доколку се прекине снабдувањето, пренесува РТЛ.

Канадските провинции Онтарио и Квебек најавија планови за мешање на вакцините во блиска иднина, поради неизвесноста околу пратките со вакцини на Астразенека, но и поради потенцијалната опасност од создаваање на тромб.

Во студијата учествувале 830 волонтери постари од 50 години. Секој десетти кој добил две дози на AstraZeneca во период од четири недели, пријавил настинка. 34 проценти пријавиле ист симптом од оние кои примиле по една доза на Астразенека и Фајзер. Истите разлики се случиле и со други несакани појави како што се замор, главоболка, замор и болки во мускулите.

Во април, студијата била проширена со уште 1.050 волонтери за да тестираат комбинации на Модерна и Новавакс Ковид заедно со Астразенека и Фајзер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП