23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОвие 10 држави имаат најмногу резерви на злато во светот

Овие 10 држави имаат најмногу резерви на злато во светот

„Nasdaq“ објави список со десет земји кои имаат најголеми резерви на злато во светот. Швајцарија има најголеми резерви по глава на жител во споредба со остатокот од светот.

На прво место се САД со 8.133 тони злато. Наведената количина е еднаква на вкупната количина злато што ја имаат следните три земји на оваа листа. Вредноста на американската резерва на злато е 465 милијарди долари. Поголемиот дел од резервите се наоѓаат во трезорот „Fort Knox“, кој се наоѓа во државата Кентаки.

Со 3.362 тони, Германија е втора според резервите на злато и континуирано купува злато од економската криза во 2008-ма година.

Италија е на третото место и има резерва од 2.452 тони злато, а Франција е четврта со 2.436 тони. Меѓу оваа француска резерва има и 100 тони златници.

Русија е на петтото место со 2.295 тони, додека Кина е на шестото место со 1.948 тони. Повеќето резерви на најнаселената земја во светот се содржани во девизни пари, а не во самото злато.

Швајцарија е седма со 1.040 тони злато и има најголеми резерви на злато по глава на жител во споредба со сите други земји во светот. На осмото место е Јапонија со 765 тони.

Индија е деветта со 658 тони и е втора во светот по употреба на злато затоа што е многу присутно и популарно на свадбите. Последна на оваа листа е Холандија со 613 тони резерви на злато.

Светскиот економски форум (WEF) забележа дека резервите на злато се користат како осигурување во случај на економска криза.

Купувањето злато се намали за време на пандемијата на коронавирусот, а централните банки на некои земји продадоа дел од резервите со цел да ги направат националните економии поликвидни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП