22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПо твитот на Маск, вредноста на биткоинот е помала за 17 проценти

По твитот на Маск, вредноста на биткоинот е помала за 17 проценти

Биткоинот денес се врати на околу 50.000 американски долари на азиското тргување, падна дури за 17% откако Илон Маск објави на Твитер дека Тесла престана да ја прифаќа оваа валута за своите возила од еколошки причини.

„Загрижени сме за се поголемата употреба на фосилни горива за експлоатација и трансакции со биткоинот, особено јагленот, кој има најлоши емисии од било кое гориво“, напиша Маск.

Цената на најголемата криптовалута во светот падна од околу 54.819 на 45.700 долари, што е најниско ниво од 1 март, за нешто помалку од два часа по овој твит на „Маск“, но потоа следеше закрепнување на азискиот пазар и се тргуваше за околу 50.196 долари за еден биткоин, пренесува Ројтерс.

Етер, втората по големина криптовалута во светот, следеше сличен модел, исто така, падна за 14 проценти и достигна најниско ниво од 3.550 долари, пред да се врати на околу 3.965 американски долари.

Претходните најави и соопштенија на Тесла за купување на 1,5 милијарди долари во биткоини и дека ќе ги прифати како плаќање за нивните автомобили се еден од факторите кои предизвикуваат зголемување на вредноста на дигиталните токени оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП