А1 Македонија ја збогатува понудата наменета за деловните корисници и со големо задоволство најавува ново тарифно портфолио за ТВ услуги со четири нови тарифни модели наменети за сите субјекти во угостителството и туристичката дејност.
“Во подготовката за летната сезона за угостителскиот сегмент креиравме понуда со која субјектите во туристичката дејност добиваат можност уште повеќе да ги збогатат ТВ содржините за гостите во нивните објекти. Дополнителна вредност имаат ТВ пакетите со Арена Спорт ТВ каналите кои ќе пренесуваат едни од најтрактивните фудбалски натпревари сезонава, а гостите ќе можат да ги следат и во друштво на отворените летни тераси кои ја нудат можноста за безбедна социјализација, релаксација и дружење. Со избор на новите тарифни модели, угостителите добиваат едноставно решение, а гостите повеќе разновидни категории: документарни, филмски, музички, забавни, детски во зависност од нивниот интерес. Со оваа понуда А1 уште еднаш ја докажува својата определба да креира производи и услуги по мерка на своите корисници со цел да се задоволат нивните комуникациски потреби”, изјави Стевчо Ристески, директор на одделот за маркетинг и продажба за деловни корисници во А1 Македонија.

