29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешка ќе повлече 50 милијарди долари од својот суверен фонд

Норвешка ќе повлече 50 милијарди долари од својот суверен фонд

Норвешка се потпира на својот суверен фонд од 1,3 трилиони долари повеќе од кога било, бидејќи земјата ги зголемува трошоците без да се сврти кон пазарите на обврзници за да обезбеди економска помош за пандемијата, пренесува „Bloomberg“.

Владата на премиерот Ерна Солберг, пред изборите во септември, го зголемува годинешниот таканаречен структурен ненафтен фискален дефицит на 403 милијарди круни, или скоро 50 милијарди долари. Повлекувањето како удел на најголемиот фонд за богатство во светот ќе достигне 3,7%, наспроти прогнозата на централната банка од 3,3%.

„Ова покажува дека владата гледа поголема потреба за фискална поддршка во текот на целата година“, рече аналитичарот на „Handelsbanken“, Мариус Гоншолт Хов.

Фондот за богатство, изграден врз основа на приходите на Норвешка од нафта во Северното Море, ја заштити најбогатата скандинавска економија од најтешката пандемија. Интензитетот на повлекувањето на владата од фондот го принуди огромниот инвеститор да започне со ликвидација на средства во минатата година, означувајќи историски момент за Норвешка.

Оттогаш, фондот генерираше скоро рекордни приноси кога закрепнаа пазарите.

„Фискалната велесила на Норвешка обезбеди брза и голема поддршка за време на пандемијата, намалувајќи го економското влијание на вирусот. Предизвик сега е да се прилагодат мерките така што економијата ќе се врати на старите патеки“, рече скандинавскиот економист Јохана Јансон.

Бруто домашниот производ, кој се прилагодува на норвешката нафтена и оф-шор индустрија, се очекува да порасне за 3,7% во оваа година, откако се намали за 2,5% во 2020-та година, соопшти Министерството за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП