20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Renault Sport“ станува „Alpine“

„Renault Sport“ станува „Alpine“

Промените во „Renault Group“, објавени претходно оваа пролет, влијаеа и на спортскиот оддел на францускиот производител – „Renault Sport“. Тој веќе ќе се нарекува „Alpine“ од марката на спортски автомобили, што е исто така дел од концернот.

Промената стапува на сила од 1-ви мај, а идејата е дека таа ја отелотворува желбата на „Alpine“ да биде прва класа автомобилски бренд кој е во првите редови на иновациите и технологијата што ја презема индустријата.

„Со своето огромно искуство во создавање спортски автомобили, „Alpine“ ќе има клучна улога во остварувањето на своите цели преку „Renault““, изјави Лоран Роси, извршен директор на марката.

Во моментов, „Alpine“ нуди само еден модел – „A110“, но плановите за проширување на марката се големи. Спојувањето со „RS“ треба да значи дека новата марка во моментов ќе ги вклучува моделите „Megane RS“ и „Clio RS“ кои моментално ги нуди „Renault“.

„Станувајќи „Alpine Cars“, двата тима започнуваат серија проекти кои ќе се реализираат со поддршка на сите структури на групацијата „Renault“. Ова е голем предизвик за нашите инженери и дизајнери“, изјави Роберт Бонет, главен инженер на „Alpine“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП