Антителата создадени кај пациенти кои се заразиле со вирусот Ковид-19, остануваат кај пациентите најмалку осум месеци по дијагностицирањето, без оглед на тежината на болеста, возраста на пациентот или присуството на други болести, покажа новата студија објавена денес во списанието „Нејчер комуникејшнс“.
Во истражувањето спроведено од болницата „Сан Рафаеле“ во Милано се наведува дека оние кои нема да успеат да произведат антитела во првите 15 дена од заразата, имаат поголема веројатност да развијат потешка форма на болеста.

