27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевообичаени сообраќајни правила: Каде е забрането да се вози валкан автомобил, да...

Невообичаени сообраќајни правила: Каде е забрането да се вози валкан автомобил, да се покажува среден прст…

Во многу од европските земји, во сила се некои необични сообраќајни правила.

Летото е време за патување, а една од најголемите фрустрации кога заминувате во странство е кога ќе видите автомобил со ротирачки светла вклучени во ретровизорот.

Доколку планирате да заминете на одмор надвор од државата, за да не ви се случи тоа, ви пренесуваме дел од невообичаени сообраќајни правила од некои европски земји.

Белорусија, Бугарија, Русија и Романија

Доколку возите неиспран автомобил, можете да добиете казна.

Бугарија

На еднонасочни улици, можете да паркирате само од левата страна.

Кипар

Употребата на свирката е забранета во станбени области и во близина на болници. На возачите им е забрането да јадат во автомобилите. Исто така, користењето на рацете за изразување на незадоволство не е дозволено – ова го вклучува покажувањето на средниот прст, заканувајќи мавтајќи со истиот.

Франција

Не смеете да имате слушалки на ушите. Во автомобилите, задолжително треба да имате и алкотест што може да го набавите на секоја бензинска пумпа.

Грција

Забрането е да се вози со запалена цигара.

Исланд

Нема возење по макадам, освен ако на него нема обележан паркинг.

Германија

Доколку возите споро по автопатот, ќе добиете парична казна. Ако им се заканувате на другите возачи со своите раце, казната е 500 евра. Мора да го исклучите моторот додека чекате на преминот на пругата кога поминува воз. Доколку останете без гориво на автопат, ќе бидете казнети.

Португалија

Во возилото не смеете да носите канистер со бензин.

Русија

Забрането е качување на автостопери.

Шпанија

Ако носите очила за возење во автомобил, мора да имате еден пар резерва – истото важи и за Португалија и Швајцарија.

Швајцарија

Забрането е перење на автомобили во недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП