29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПандемијата ги намалува трошоците и ги зголемува заштедите во ЕУ (ИНФОГРАФИК)

Пандемијата ги намалува трошоците и ги зголемува заштедите во ЕУ (ИНФОГРАФИК)

Во четвртиот квартал од 2020-та година, стапката на заштеда на европските домаќинства се зголеми за 6,6 процентни поени на годишно ниво, според податоците на Евростат. Главната причина за овој раст се намалените трошоци, според Заводот за статистика на Заедницата.

Генерално, трошоците на домаќинствата во ЕУ се намалија за 7% на годишно ниво, а расположливиот доход се зголеми за 0,6%.

Најзначајно зголемување на стапката на заштеди е забележано во Словенија – зголемување од скоро 21 поен, бидејќи индивидуалната потрошувачка во земјата се намали за 15,4%. Во Белгија, стапката на заштеди се зголеми за 11,3 поени, а во Австрија за 10,9 поени.

Само намалување на стапката на заштеди има во Данска за 2,7 поени на годишно ниво. Земјата е единствената која известува за зголемување на индивидуалната потрошувачка (за 0,2 проценти).

Податоците на Евростат исто така покажуваат дека во повеќето земји има зголемување на расположливиот доход (за 0,6%). Ова во најголем дел се должи на социјалната поддршка дадена во месеците на пандемија на коронавирусот. Најголем раст на расположливиот доход има во Словенија (9,8%) и Ирска (6,8%). На спротивна страна се Шпанија (-3,4%), Данска (-2,6%) и Италија (-2,4%).

Евростат забележува дека сè уште не се достапни податоци од сите европски земји за состојбата со приходите, расходите и заштедите на домаќинствата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП