8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„BioNTech“ гради фабрика за вакцини во Сингапур

„BioNTech“ гради фабрика за вакцини во Сингапур

„BioNTech“ ги објави плановите за воспоставување регионален центар и изградба на нова фабрика за своите вакцини базирани на „mRNA“, што е последно во низата потези на компанијата за проширување на својата производна мрежа.

Фабриката се очекува да започне со работа во 2023-та година и да произведува неколку стотици милиони дози „mRNA“ вакцина годишно, во зависност од видот.

„BioNTech“ објави дека нејзините планови се поддржани од владата на Сингапур. Воспоставување на регионален штаб во Југоисточна Азија ќе го зголеми глобалното снабдување со „mRNA“ вакцината и побрзо ќе одговори на идните пандемии, соопшти компанијата.

„Неколку центри во нашата производна мрежа се важен стратешки потег за зголемување на нашиот глобален капацитет“, рече Угур Сахин, основач и директор на биотехнолошката компанија.

„BioNTech“ е германска компанија со седиште во Мајнц, а на крајот на минатата година веќе основаше седиште на САД во Кембриџ.

Владите ширум светот размислуваат да градат локални фабрики за вакцини за да избегнат повторување на нарушувањата во снабдувањето со вакцини што се случија на почетокот на оваа година.

„BioNTech“, во соработка со американскиот гигант за фармакологија „Pfizer“, развија вакцина за Ковид-19 врз основа на „mRNA“ (гласник рибонуклеинска киселина), технологија која користи генетски материјал за да предизвика имунолошки одговор на вирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП