2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа става ограничување на плаќањата во готовина?

Европа става ограничување на плаќањата во готовина?

Европската комисија има намера да воведе горна граница за плаќање во готовина.

Во борбата против перењето пари, Комисијата размислува за забрана за плаќање во готовина за износ над 10.000 евра, објави комесарката за финансии Мејрид Мекгинис во изјава за германски „Зидојче цајтунг“.

“Зборуваме за горната граница од 10.000 евра. Многу е тешко да носите толку пари во џебовите. Повеќето луѓе не го прават тоа”, рече таа.

Забраната ќе биде дел од пакетот предлози против перењето пари што комисијата има намера да ги претстави во јули.

Мекгинис вели дека сака да формира институција на ЕУ за борба против перење пари и финансирање тероризам со поддршка на членовите.

„Тоа ќе има многу надлежности и директно ќе ја надгледува политиката против перење пари на големите банки“, објасни комесарката.

Според неа, тој пакет мерки ќе биде голем напредок во борбата против перењето пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП