25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes“ ќе пушти на пазарот компактен „SUV“ на струја со 4х4

„Mercedes“ ќе пушти на пазарот компактен „SUV“ на струја со 4х4

Откако собра повеќе од 20.000 барања за првата верзија на неговиот компактен електричен кросовер „Mercedes-Benz EQA“, кој доби индекс „250“ и има погон на предните тркала, германскиот производител лансира уште две модификации на моделот. Тие добиваат втор електричен мотор кој управува со задните тркала и имаат индекси „300 4Matic“ и „350 4Matic“.

Послабата верзија развива 228 ks и 390 Nm, забрзувајќи од 0 до 100 km/h за 7,7 секунди, додека помоќната има 292 ks, 520 Nm и 6 секунди. И во двата случаи, максималната брзина е ограничена на 160 km/h на час, а батеријата е иста како и верзијата со еден електромотор – 66,5 kW/h. Oпсегот на минување со едно полнење од 400 до 432 километри.

На германскиот пазар, „Mercedes-Benz EQA 300 4Matic“ чини 55.538 евра, додека „EQA 350 4Matic“ има цена од минимум 56.216 евра. Бидејќи двата кросовери чинат помалку од 65.000 евра, нивните купувачи можат да сметаат на „еколошки бонус“ од федералната влада од 6.000 евра. Самиот производител дава и попуст од 2.500 евра, што значи дека електричните автомобили чинат 45.443 и 48.515 евра, соодветно.

Стандардната опрема на моделите вклучува „LED“ фарови, 18-инчни алуминиумски тркала, електрична контрола на задната врата, атмосферско осветлување со 64 нијанси, камера за рикверц, мултифункционален волан и мултимедијален систем „MBUX“ со навигација.

Главните опции за поделени во три пакети за погодност на купувачите. Во „Advanced“ се вклучени дисплеи со зголемена дијагонала до 10,25 инчи, контрола на слепите зони и асистент за паркирање. „Advanced Plus“ додава влез без клуч, двозонска климатизација, помодерен систем за звучници и безжичен полнач за паметни телефони, додека „Premium“ исто така вклучува панорамски сончев покрив, аудио систем „Burmester“ и 24-часовен надзор со камери. Пакетите чинат 2.500, 4.000 и 5.500 евра, соодветно.

„Mercedes-Benz“ ветува дека до крајот на годината ќе издадат друга верзија на „EQA“ со значително зголемена километража со едно полнење, која ќе добие помоќна батерија. Се очекува дека со неа кросоверот да помине околу 550 километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП