26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Microsoft“ сепак се откажува од новиот оперативен систем?

„Microsoft“ сепак се откажува од новиот оперативен систем?

Веќе неколку години слушаме за оперативниот систем „Windows 10X“. Полесна верзија на „Windows“ требаше да биде одговорот на „Microsoft“ за „ChromeOS“ и да ја зголеми продажбата на домашни и студентски лаптопи. За жал, развојот наводно е одложен.

Според извештајот на веб-страницата „Petri“, „Windows 10X“ сигурно нема да излезе оваа година и можеби никогаш нема да ја види светлината на денот, или барем не во сегашната форма.

„Windows 10X“ првично беше создаден за уреди со двоен екран, како што е необјавениот таблет „Surface Neo“ на „Microsoft“. Оттогаш, компанијата се префрли на помала брзина во обид да се натпреварува со „ChromeOS“ и да го фокусира оперативниот систем околу уредите со еден екран.

„Microsoft“, наводно, ги пренасочи ресурсите од „Windows 10X“ и назад кон вистинскиот „Windows 10“. Како што знаеме, „Microsoft“ во моментов работи на ажурирање на тековната верзија на „Windows 10“ со нови елементи на интерфејсот и промени во дизајнот.

Некои технологии првично направени за „Windows 10X“ можеби сè уште го гледаат светлото на денот во „Windows 10“. Ова е очигледно резултат на разговорите со клиенти кои сакаа некои од овие карактеристики развиени од „Microsoft“, но не ги сакаа во целосно посебен оперативен систем.

Од „Microsoft“ сè уште не ги коментира јавно овие извештаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП