25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДогикоинот се сруши за третина по изјавата на Маск

Догикоинот се сруши за третина по изјавата на Маск

Догикоинот изгуби повеќе од една третина од својата вредност во неделата, откако шефот на Тесла и застапник на криптовалутите, Илон Маск го нарече со зборот „hustle“ за време на неговото гостување во ТВ-емисијата „Saturday Night Live“.

„Hustle“ има многу значења, но во финансискиот свет најчесто се поврзува со „измама“.

Догикоинот котираше на берзата на крипто-валути Binance со само 0,416 долари, што е за 36 проценти помалку од нивото од околу 0,65 долари пред емисијата.

Извршниот директор на Тесла беше домаќин на шоуто СНЛ во саботата.

Фановите на криптовалутата со нетрпение чекаа да слушнат што тој ќе каже, откако неговите твитови оваа година за некогаш нејасната дигитална валута, која започна на шега на социјалните мрежи, ја претворија во сон на шпекулантите.

На прашањето „што е догикоин“, Маск одговори: „Тоа е иднината на валутата. Тоа е незапирливо финансиско средство кое ќе владее со светот “.

Кога Мајкл Че, член на екипата, се спротивстави: „Значи, тоа е измама?“ Маск одговори: „Да, тоа е измама“ и се смееше.

Маск е редок деловен магнат од кого е замолено да води смешна ТВ-емисија. Неговото појавување во култното шоу доцна во ноќта го врати Маск во центарот на вниманието, токму кога акциите на Тесла ја губеа вредноста по силниот пораст минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП