28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија ја отвори втората најголема ветроелектрана во светот

Британија ја отвори втората најголема ветроелектрана во светот

vetroelektrana1

Втората најголема ветроелектрана во светот, која може да произведе доволно електрична енергија за снабдување на половина милион домаќинства, беше отворена во средата во морето во близина на источниот брег на Англија.

Министерот за енергија и претприемништво Мајкл Фалон ја отвори ветроелектраната „Greater Gabbard“ со јачина од 500 мегавати, која е заеднички проект на компаниите „SSE Plc“ и „RWE Innogy“ вреден 2 милијарди долари.

Велика Британија се повеќе инвестира во технологијата на ветроелектраните, со цел да ги намали емисиите на стакленичките гасови. Таа до 2020 година планира да произведува 18 гигавати електрична енергија од енергијата на ветрот.

„Greater Gabbard“ има 140 турбини кои ги произведе „Siemens“ и се очекува дека ќе биде двојно поголема кога во 2017 година ќе биде изграден другиот дел од ветроелектраната.

Таа е отворена само еден месец откако британскиот премиер Дејвид Камерон ја отвори најголемата ветроелектрана на светот „London Array“ со јачина од 630 мегавати, исто така на југоисточниот брег од Англија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП