20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИлон Маск изненади во ТВ-емисија: Открил дека има синдром од кој боледувале...

Илон Маск изненади во ТВ-емисија: Открил дека има синдром од кој боледувале многу големи умови

Илон Маск, милијардер, претприемач и бизнисмен кој стои зад компанијата „Тесла“ и „Спејс Икс“ и еден од најбогатите луѓе во светот, откри во американското ТВ шоу „Saturday Night Live“ (SNL), во кое се појави како гостин-домаќин, дека има Аспергеров синдром.

Во воведното обраќање до гледачите, 49-годишниот претприемач рече дека тој е првиот човек со Аспергеров синдром кој го водел шоуто, но подоцна се покажало дека не е точно и дека првиот гостин на популарната емисија со овој синдром бил канадскиот актер Ден Ајкројд во 2003 година. Американскиот „Дејли бист“ пишува дека тогаш актерот отворено зборувал за болеста.

Се верува дека Маск за прв пат зборувал и за неговиот здравствен проблем во популарното американско шоу, но тој исто така го искористил настапот за да го коментира своето „тролање“ на Твитер, а исто така зборувал и за неговата фасцинација со криптовалутата Догекоин.

Аспергеровиот синдром е невробиолошко развојно нарушување од групата на аутистични нарушувања и е поврзано со социјални потешкотии. Тој е почест кај мажите, а првите симптоми на нарушување може да се забележат уште во третата година од животот на детето, иако во повеќето случаи дијагнозата се поставува нешто подоцна, најчесто помеѓу петтата и деветтата година од животот.

Некои експерти предлагаат луѓето со овој синдром да бидат вработени на места поврзани со технологија, претприемништво или други занимања и работни места за кои се потребни аналитички вештини.

Бизнис магазинот Форбс го процени богатството на Маск на 166 милијарди долари. Најголемиот дел од своето богатство го оствари со ко-сопственост во Тесла и целосна сопственост на Спејс Икс.

Тој не е првиот милијардер што го водеше шоуто „Сабота вечер во живо“. Во улогата му претходеа поранешниот претседател на САД и бизнисмен Доналд Трамп, ТВ ѕвездата Опра Винфри и кошаркарот Мајкл Џордан, а од почетокот на СНЛ во 70-тите години на минатиот век, шоуто го водеа и други познати личности како Адел, Крис Рок и Ринго Стар, како и Вил Ферел.

Аспергеровиот синдром го доживеале голем број успешни претприемачи.

Меѓу големите умови кои страдаа од овој синдром беа Алберт Ајнштајн и Исак Њутн. Њутн зборуваше со тешкотии, беше целосно преокупиран со својата работа и незаинтересиран за социјални контакти, а Ајнштајн, наводно како момче, бил осамен кој опсесивно повторувал одредени реченици до својата седма година. Според Јашан Вонг, поранешен колега и пријател на Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук, вели дека и тој покажува знаци на Аспергер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП