28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„IBM“ тврди дека го создале првиот чип од 2nm во светот

„IBM“ тврди дека го создале првиот чип од 2nm во светот

Пред неколку децении, со појавата на нови генерации процесори за компјутери, тие станаа побрзи и поефикасни во однос на потрошувачката на енергија. Нивниот основен дел – транзисторот стана сè помал и помал. Сепак, со текот на времето, темпото на развој на нови и сè понапредни процесори забави.

 Од друга страна, „IBM“ не се откажува и вчера издаде официјално соопштение во кое тврди дека успеал да произведе „силиконска торта“ со употреба на 2-nm технологија на транзистор. Новата технологија овозможува производство на чипови кои се за 45% побрзи од сегашната генерација процесори од 7 nm што се користат во телефони и лаптопи. Во исто време, тие се дури 75% поефикасни во однос на потрошувачката на електрична енергија. Ќе бидат потребни неколку години за новата генерација на процесори да го видат светлото на денот на пазарот.

Еден од главните партнери на „IBM“ во производството на чипови е корејската компанија „Samsung“, додека развојот на нови технологии сè уште се наоѓа во центарот за развој во Албени, Њујорк, САД.

Процесорите со 2 nm се помали и побрзи од моментално најбрзите чипови со 5 nm што можете да ги најдете во најдобрите модели на мобилни телефони „Apple iPhone 12“. Со изработка на многу мали и тенки транзистори во „IBM“, тие беа во можност да работат побрзо и да трошат помалку енергија, но имаше и вообичаени проблеми со таканаречениот ефект на „истекување на електрони“ при промена на состојбата на транзисторот. „IBM“ успеа да го реши овој проблем со вметнување нереално тенок слој на изолатор од неколку нанометри, помеѓу транзисторите.

„На крајот на краиштата, целата приказна за компјутерите се сведува на транзисторите и сè друго што зависи од тоа дали транзисторите се подобри или не. Никој повеќе не може да ви гарантира дали ќе има следната генерација на уште подобри транзистори, имајќи предвид дека е достигната границата на физичката употребливост на материјалите од кои се направени. Затоа е навистина голема работа, секој пат кога некој од производителите излегува во јавноста со нова и уште подобра генерација процесори“, рече директорот на одделот за развој во „IBM“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП