9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБесплатно лекување на туристите кои ќе заболат од корона во Црна Гора

Бесплатно лекување на туристите кои ќе заболат од корона во Црна Гора

Болничкото лекување за туристите кои ќе заболат од Ковид – 19 за време на нивниот престој во Црна Гора ќе биде бесплатно и ќе има можност за бесплатно ПЦР тестирање.

„Владата донесе одлука туристите кои ќе се разболат од Ковид-19 за време на престојот во Црна Гора и ќе бидат хоспитализирани да бидат лекувани на сметка на државата“, рече министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Бојовиќ.

Во случај туристите да треба да се вратат во својата земја, тестирањето за ПЦР ќе се изврши непречено во Црна Гора на два паралелни начина – едниот ќе биде организиран со помош на Институтот за јавно здравје на Црна Гора и ќе се изведува бесплатно, а туристите ќе имаат можност да тестираат и во приватни лаборатории, додаде министерката.

Исто така, сите хотелиери ќе одвојат 10 проценти од капацитетите за можни случаи на Ковид-19, пишува Вјести.

Доколку влезат во Црна Гора, граѓаните на Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Северна Македонија, Русија, Белорусија и Украина не им треба негативен ПЦР тест, туку можат да влезат во земјата без ограничувања, но, како и на граѓаните на Црна Гора, меѓуградскиот сообраќај е забранет за време на викендите и движењето од полноќ до пет часот наутро.

„Оваа забрана за меѓуградски сообраќај важи и за туристите“, објасни министерката за здравство во Владата на Црна Гора, зборувајќи за епидемиолошките мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП