26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТГрција се спрема за туристичката сезона: Се отвараат приватните плажи и музеи

Грција се спрема за туристичката сезона: Се отвараат приватните плажи и музеи

Во Грција во сабота повторно ќе бидат отворени приватните плажи, а следната недела музеите, објавија здравствените власти, кои се подготвуваат да ја отворат туристичката сезона на 15-ти мај.

Музеите ќе бидат отворени на 14 мај, кината на отворено на 21 мај со намален капацитет и театрите на 28 мај.

Владата во април започна да ги олеснува ограничувачките мерки воведени во ноември и одобри повторно отворање на повеќето продавници за малопродажба, освен за големите трговски центри.

Кафе-баровите и рестораните се повторно отворени од 3 мај.

Сепак, вработените во туризмот не очекуваат масовни пристигнувања на странски туристи пред јули.

Во април беше укината е обврската за карантин за вакцинирани патници или лица со тест за ковид од земјите на Европската унија и неколку други земји, како што се Велика Британија и САД.

Грција беше сериозно погодена од третиот бран на пандемијата, а најголем број од 10.000 смртни случаи од ковида-19 е забележан во последните три месеци.

Во земја со 10,8 милиони жители, потврдена е инфекција со коронавирус кај вкупно 350 000 лица.

Дадени се над 3,4 милиони дози вакцини, а втората доза ја примиле повеќе од милион луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП