Заокружувајќи го процесот на статутарните промени на Стопанската комора на Северна Македонија кои започнаа со донесување на Стратегијата за градење на Комора на иднината во 2019 година, повикувајќи ги во органите и телата најспособните луѓе од бизнисот и науката, кои можат да ја спроведат таа Стратегија, на денешната седница на Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија на највисокото место во хиерархијата се избраа најискусните и најуспешните наши бизнисмени кои во моментот ги водат најуспешните компании, кои долго време се континуирано во врвот на македонскиот бизнис.
Ви ги претставуваме новите избраници за заменици-претседатели и потпретседатели на Стопанската Комора на Република Северна Македонија.


