18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали бакарот е „новата нафта“? Цената на црвениот метал ќе скокне на...

Дали бакарот е „новата нафта“? Цената на црвениот метал ќе скокне на 20.000 долари за тон

Постепеното зголемување на побарувачката и дефицитот на снабдување може да доведат до глобален недостиг на бакар, што ќе ја зголеми цената на „црвениот метал“ на 20.000 американски долари за метарички тон за четири години, според анализата на „Bank of America“ (BofA).

„Залихите на бакар измерени во тони во моментов се на ниво забележано пред 15 години и се доволни за да покријат само три недели побарувачка“, рече Мајкл Видмер, стратег на пазарите на стоки во втората по големина банка во САД, во анализата за која „CNBC“ имал увид.

„Во овој поглед, предвидуваме дефицит на пазарот на бакар и натамошен пад на залихите оваа и следната година“, рече аналитичарот.

Тој додава дека со акциите, кои се близу до точката каде што е можна голема нестабилност на временското ширење, постои ризик цената на самото место да ја надмине цената на фјучерсот.

Порастот на нестабилноста како резултат на падот на залихите е невиден, посочува Видмер, истакнувајќи дека во магацините на берзата во Лондон имало недостиг на никел за време на 2006/07 година, а тоа предизвика скок на цените на никелот за повеќе од 300 проценти.

„BofA“ проценува дека цените на бакарот ќе скокнат на 13.000 американски долари по тон во наредните години, откако минатата недела достигнаа 10.000 долари, првпат по скоро 10 години.

„Доколку не се исполнат нашите очекувања за зголемување на понудата на овој материјал на секундарниот, нетранспарентен пазар, акциите може да се потрошат во следните три години, што ќе доведе до уште поостар скок на цените на „црвениот метал“ на над 20.000 долари по тон“, заклучи Видмер.

Високите цени на бакарот дополнително се поддржани од послабиот долар и растечкиот пресврт на економиите кон зелената инфраструктура, според Дејвид Нојхаузер, основач и извршен директор на американскиот хеџ фонд „Livermor Partners“.

„Мислам дека бакарот е „новата нафта“ и има неверојатна шанса во следните пет до десет години, со потенцијал да достигне 20.000 американски долари по метрички тон“, изјави Нојхаузер за „CNBC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП