19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 златни правила за подобар баланс меѓу деловниот и приватниот живот

5 златни правила за подобар баланс меѓу деловниот и приватниот живот

На сите им е потребен баланс меѓу деловниот и приватниот живот, ако сакаат да го зачуваат здравиот разум.

Ви претставуваме неколку навики кои можете да ги усвоите, за да го постигнете тоа.

1. Околности

Понекогаш работата ќе биде поважна, а понекогаш приватните работи. Со други зборови, понекогаш една од тие две работи ќе има повеќе тежина, во зависност од тоа што се случува кај вас во тој момент.

2. Страв

За да го постигнете тој баланс, најважната работа која морате да ја направите, е да се ослободите од стравот дека вашата компанија ќе пропадне, ако вие не работите или нешто не сте сработиле денес. Одморете се, утре е нов ден.

3. Приватни активности

Знаеме дека имате помалку време отколку претходно, но не ги игнорирајте приватните работи кои ве веселат и не ги игнорирајте драгите лица. За нив секогаш морате да најдете време, бидејќи речиси веднаш мамат голема насмевка на вашето лице.

4. Технологија

Никој нема право да очекува од вас да бидете достапни 24/7. Понекогаш исклучете го вашиот телефон и изолирајте се од социјалните мрежи. Тој одмор и тоа како добро ќе ви дојде.

5. Граници

Ако сеуште не сте, време е да ги поставите, а се однесуваат на тоа кога сте, а кога не сте на располагање. Колегата кој ве повикува во 11 навечер или во недела за време на ручек, е првиот кој треба да го запознаете со нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП