ЗДРАВЈЕ

Како да се ослободите од брчките околу очите? Пробајте со маслиново масло!

Не ви се потребни никакви скапи креми за негување на лицето, доволно е да земете една состојка од вашаta кујна, а тоа е маслиновото масло.

Маслиновото масло стекна популарност меѓу жените кои водат грижа за кожата на своето лице. Тоа стана најдоброто и наједноставното средство за брчки околу очите.

Она што ви е потребно е: 50 мл маслиново масло и 4-5 капсули витамин Е (купете ги во најблиската аптека).

Примена: Ако во 50 мл маслиново масло додадете 4-5 капсули витамин Е ќе добиете одлична хранлива маска против брчки околу очите.

Оваа маска можете да ја нанесувате секоја вечер, држејќи ја 5-10 минути. Не морате да ја миете, само нежно отстранете ја со хартиено марамче.