20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНашите ракометари во група со Данска, Словенија и Црна Гора на ЕП...

Нашите ракометари во група со Данска, Словенија и Црна Гора на ЕП 2022

Машката ракометна репрезентација на Македонија предводена од Кире Лазаров предмалку ги дозна противниците од групата во која ќе настапува следниот јануари на Европското ракометно првенство, што ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

„Црвено-жолтите“ се во групата А, чии натпревари ќе се одиграат во унгарски Дебрецин. Противници на Македонија се селекцијата на Данска, која беше наш противник и во квалификациите, потоа ексју-републиките Словенија и Црна Гора.

Македонија шести пат во низа ќе се бори со најдобрите селекции на Стариот континент.

Еве каков е распоредот во сите 6 групи по 4 репрезентации:

А – (Дебрецин): Словенија, Данска, МАКЕДОНИЈА, Црна Гора
Б – (Будимпешта): Унгарија, Португалија, Исланд, Холандија
Ц – (Сегедин): Хрватска, Србија, Франција, Украина
Д – (Братислава): Германија, Австрија, Белорусија, Полска
E – (Братислава): Чешка, Шпанија, Шведска, БиХ
Ф – (Кошице): Словачка, Норвешка, Русија, Литванија

Пласман во главната фаза ќе обезбедат две селекции од сите 6 групи. Завршницата на турнирот ќе биде во Будимпешта.
Титулата на ова ЕП ја брани репрезентацијата на Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП