26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВтората највредна криптовалута во светот е создадена од 19 годишник

Втората највредна криптовалута во светот е создадена од 19 годишник

Виталик Бутерин, 27-годишен руско-канадски програмер, ја создал дигиталната валута Етериум  во 2013, кога имал само 19 години.

Крипто валутата беше лансирана во 2015 година, а Бутерин сега има околу 333.500 Етериуми во „неговиот паричник“. Ако го помножите бројот на Етериуми што ги поседува со 3.370 долари колку што сега вреди, ќе добиете повеќе од 1,1 милијарда долари.

Во 2012 година, Бутерин го основаше списанието Bitcoin Magazine, списание кое се занимава со биткоини и други криптовалути.

Во 2014 година, тој беше избран да биде дел од двегодишната програма за стипендии Тиел, создадена од милијардерот Питер Тиел и која им дава на младите луѓе кои сакаат да прават нови работи наместо да седат во училници, парични средства во висина од 100.000 долари.

Иако не е премногу активен на мрежите, Бутерин има повеќе од 1,4 милиони следбеници на Твитер.

Патем, оваа криптовалута во моментов е втора највредна крипто валута на пазарот.

Вкупната вредност на сите Етериуми во оптек е околу 403 милијарди долари, а цената на еден е нешто повеќе од 3.300 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП