Досега, најголемата студија за ефикасноста на Pfizer / BioNTec против коронавирус кај општата популација покажа во четвртокот дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита, додека таа заштита значително паѓа ако некое лице се вакцинира само еднаш наместо препорачаната две дози.
Авторите на студијата од израелската националната кампања за вакцинација изјавија дека тоа обезбедува докази од реалниот живот дека пандемијата може да заврши со брзи, глобални програми за вакцинирање.
Анализата на податоците за јавното здравство од Израел – една од земјите со најголем процент на целосно вакцинирани возрасни лица, покажа дека вакцината е исто така исклучително ефикасна во заштитата на старите лица во време кога доминираше позаразната англиска варијанта, според резултатите објавени во медицинското списание „Lancet“.
До почетокот на април, скоро 5 милиони луѓе во Израел примија две дози вакцина на Pfizer / BioNTech, што е повеќе од 70 проценти од населението.
Студијата покажа дека двете дози обезбедуваат 95,3 проценти заштита од инфекција и 96,7 проценти заштита од смрт седум дена по втората доза. После 14 дена, таа заштита се зголемила на 96,5 проценти, односно 98 проценти.
Но, заштитата била значително помала кога луѓето примиле само една доза на вакцина.
Помеѓу седум и 14 дена по првата доза, се покажала дека заштитата од инфекција е 57,7 проценти и заштитата од смрт 77 проценти.
Авторите рекоа дека единечната доза може да обезбеди пократок период на заштита, особено во средина каде што се појавуваат нови вирусни варијанти.
Важно е што студијата покажува дека две дози на вакцина значително го зголемуваат нивото на имунитет и заштита, рече Џонатан Бол, професор по молекуларна вирусологија на Универзитетот во Нотингем, кој не бил вклучен во студијата.
Затоа е важно луѓето да ги примат двете дози.
За време на студијата, пријавени се 232.268 потврдени инфекции со КОВИД-19, а англиската варијанта Б117 е идентификувана во скоро 95 проценти од тестираните примероци. Регистрирани се 4481 со тешка инфекција и 1113 смртни случаи.
Научниот тим рече дека не може да го проучи влијанието на јужноафриканската варијанта, која беше идентификувана и во Израел.
До четврток, најголемата студија за вакцината на Pfizer / BioNTec, исто така спроведена во Израел, беше скоро пет пати помала и вклучуваше 1,2 милиони луѓе.
Коментирајќи ја студијата, Еил Лешам од медицинскиот центар Хаим Шеба и Анели Вајлдер-Смит од лондонското училиште за хигиена и тропска медицина напишаа дека резултатите од студијата „сугерираат дека високата стапка на покриеност со вакцините може да понуди излез од пандемијата“.
За жал, брзата покриеност на ниво на население не може лесно да се реплизира во многу други земји, рече парот, кој не учествуваше во студијата чии резултати беа објавени во Lancet.
Глобалната употреба на вакцините (Pfizer / BioNTech) е ограничена поради проблеми со снабдувањето, високи трошоци и барања за складирање на екстремно ниски температури.