19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУспешните адвокати се адаптираат на новите потреби

Успешните адвокати се адаптираат на новите потреби

Секој добар адвокат знае дека тајната на успехот се наоѓа во можноста да инвестира и да се адаптира на промените побрзо и подобро од конкуренцијата. Тоа посебно се однесува за помалите адвокатски канцеларии кои мораат да бидат снаодливи и иновативни, искористувајќи ја секоја алатка за да ја подобрат својата позиција на пазарот.

Работата на адвокатите, и адвокатските канцеларии се менува, како што се менуваат и потребите и барањата на клиентите. Се менуваат и законите, правните норми, што наметнува адвокатите постојано да се во тек со она што е ново. Со текот на годините се намножуваат и документите, се зголемува и потребата од нивно безбедно и рационално чување, од брз и едноставен пристап до документите.

Исто така она што е сигурно е дека пристапот до дигитални алатки и решенија во последните години го промени и начинот на кој адвокатите работат и се развиваат.

Дигитализацијата не само што им овозможи на адвокатските канцеларии да продолжат да работат кога се погодени од неочекувани околности и да можат да останат побрзани со работата секогаш и секаде, туку им даде и платформа за достигнување нови, повисоки нивоа на ефикасност и заштита на податоците.

Едно од решенијата кои го овозможува токму тоа е платформата „Е-Адвокат“ на македонската компанија Markant Software.  Се работи за cloud базирано решение за комплетно водење на адвокатска канцеларија. Тоа овозможува олеснување на работата, поголема ефикасност и прегледност, заштита на податоците, со што влијае кон подигање на нивото на работа, ја намалува папирологијата и резултира во помалку административна работа. Со “Е-Адвокат” секој адвокат, се прилагодува на новото време, станува конкурентен и добива можност да одбере како да го приоретириза времето наместо со часови да се задржува на едноставните работи кои можат да бидат извршени дигитално.

Кога и да помислиме на иновативна технологија, најчесто замислуваме и како таа ќе чини многу и ќе биде наменета за ексклузивни корисници. Меѓутоа, развојот на индустријата и сѐ поголемиот интерес за дигитализирање на секојдневните процеси направија денеска технологијата да е многу достапна, релативно евтина и лесна за користење.

Денес, адвокатските канцеларии кои до пред неколку години беа обврзани да чуваат важни документи во хартиена форма, веќе ги користат иновативните решенија како  е-адвокат за да ги чуваат документите на клауд. Зголемувајќи ја ефикасноста и продуктивноста, но и намалувајќи ги трошоците на работење.

Анализите покажуваат дека дигитализацијата е корисен процес и дека оние адвокатски канцеларии што спровеле дигитална трансформација имаат раст од 26 проценти. Преку поголема искористеност на облак-платформите, повисоко ниво на електронска комуникација, како и анализа на дата податоците, дигитализацијата овозможува унапредување на процесите на работа и подобрување на конкурентноста. Дигитализацијата веќе не е опција туку неопходна потреба за сите адвокати, без разлика на големината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП