27 април, 2024
ПочетнаКОРОНАТрета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот сој

Трета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот сој

Податоците од студија на 40 лица покажуваат дека дополнителната доза го зајакнува имунитетот против бразилскиoт и јужноафриканскиот сој на коронавирус.

Третата доза на постоечката вакцина на компанијата „Модерна“, како и новата верзија, која е експериментална, го зајакнуваат имунитетот против бразилскиоте и јужноафриканскиот сој на коронавирусот, соопштено е од таа компанија.

Според „Ројтерс“, податоците се добиени врз основа на истражување во кое учествувале 40 лица.

Дополнителна доза на вакцина дадена на волонтери кои претходно примиле две дози на вакцината на „Модерна“, исто така, го зајакна имунитетот против оригиналната верзија на коронавирусот.

„ Ние сме охрабрени од овие нови податоци, што го зајакнува нашето верување дека нашата стратегија за вакцинација треба да обезбеди заштита од нови варијанти на Кковид-19“, рече Стефан Бансел, извршен директор на „Модерна“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП