27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТАвтономни автобуси до крајот на јуни на улиците во Виена

Автономни автобуси до крајот на јуни на улиците во Виена

На почетокот на јуни 2019 година, првите патници во Виена имаа можност да се возат со автобуси без возач. Тест фазата, која траеше повеќе од две години, наскоро ќе заврши, а резултатите од проектот ќе бидат презентирани пред јавноста на крајот на јуни.

Во средината на 2019 година, во главниот град на Австрија беа лансирани првите автобуси без возач. Два автономни електрични автобуси се дел од проектот „auto.Bus – Seestadt, чија цел е да се зголеми ефикасноста и безбедноста на автономните возила, така што конечно во новоизградениот виенски кварт Seestadt Aspern може да се воведе автобуската линија која може да функционира во реални услови, со постојани автобиски станици, возен ред и вистински патници.

Автономните автобуси во Виена прво беа тестирани без патници две години, а на почетокот на јуни 2019 година, првите патници имаа можност да се повозат во новите автобуси. Секој што сè уште сака да се повози, мора да побрза, бидејќи автобусите ќе сообраќаат низ виенскиот кварт Seestadt Aspern само до 23 јуни, кога тест-фазата на проектот ќе заврши по повеќе од две години. За да се спречи потенцијалното ширење на инфекцијата, во автобусите задолжително е носење на маската FFP2 и бројот на патници е ограничен. Само две лица од различни домаќинства или пет члена од исто домаќинство можат да се возат истовремено.

Автономното возење со автобус е потполно бесплатно за секого. Автобусот може да патува во автоматски режим со брзина од 20 км / ч, а неговото максимално време на работа е девет часа. Од безбедносни причини, патниците можат да се возат само во седечка положба. Секој автобус има единаесет места. Десет места се резервирани за патници и едно за специјално обучен оператор кој мора да биде присутен додека се возите. Операторот се вклучува во возењето во случај на ненадејни пречки или бариери на патот и го насочува возилото во алтернативна насока. Класичниот возен ред не е даден, но патниците можат да бидат информирани за тековниот сообраќај на автобусите преку QR-кодот или веб-страницата на јавното сообраќајно претпријатие во Виена.

Во проектот се вклучени австриското Министерство за транспорт, градското јавно претпријатие во Виена „Wiener Linien“, австрискиот технолошки институт, Кураториум за за сигурност во сообраќајот, компанијата за контрола на квалитетот TÜV Австрија, Siemens AG Österreich и францускиот производител на автономни возила Navya. Во текот на последните две години, тие опсежно ја истражуваа оваа нова технологија. Резултатите од проектот ќе бидат презентирани пред јавноста кон крајот на јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП