20 април, 2024
ПочетнаКОРОНАСЗО со претпазливост ги следи податоците на кинескиот Синофарм

СЗО со претпазливост ги следи податоците на кинескиот Синофарм

Експертите од Светската здравствена организација (СЗО) изразија „многу мала доверба“ во податоците на кинеската фармацевтска компанија „Синофарм“ за нивната вакцина против ковид-19, во однос на несаканите ефекти кај некои пациенти, но тие се убедени во ефикасноста на вакцината кога се работи за спречување и развој на болеста.

Според документот на Стратешката советодавна група на експерти при СЗО (САГЕ), како што објави Ројтерс, станува збор за вакцинатаSinofarm BBIBP-CorV која е одобрена во 45 земји, наменета е за возрасни, а 65 милиони дози биле искористени досега.

Документот обезбедува податоци од клиничките испитувања во Кина, Бахреин, Египет, Јордан и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

СЗО откри дека ефикасноста во третата фаза на клинички испитувања по две дози е 78,1 процент, нешто помалку од 79,3 проценти, како што претходно објави Кина.

„Убедени сме дека две дози на BBIBP-CorV се ефикасни во спречување на развој на ковид-19 кај возрасни помеѓу 18 и 59 години“, се вели во документот.

„Но, во третата фаза од студијата, анализата на безбедноста на вакцините кај пациенти со коморбидитети била ограничена на многу мал број луѓе со здравствени проблеми, освен дебелината“, се додава во документот, истакнувајќи дека недостасувале податоци за тешки несакани ефекти кај бремени жени и постари од 60 години нагоре. Податоците за должината на заштитата исто така недостасуваат, се наведува во документот.

„Изразуваме многу мала доверба во квалитетот на податоците поврзани со ризикот од сериозни последици од вакцинацијата по една или две дози на BBIBP-CorV кај лица на возраст од 60 години и постари, како и кај лица со коморбидитети“, велат експертите на СЗО .

Анализата на САГЕ беше подготвена пред одлуката на техничката советодавна група на СЗО да одобри вакцини за итни случаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП