5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ предупреди на можна трговска војна без глобален даночен договор

ММФ предупреди на можна трговска војна без глобален даночен договор

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги повика земјите да се договорат за глобалните правила за даноци на компаниите за да се избегне можно сценарио во кое би се продлабочиле конфликтите меѓу земјите.

Мултилатерален даночен договор, како и предлозите на САД, е единствениот начин да се осигура дека профитабилните мултинационални компании плаќаат доволно данок за тоа каде работат, рече директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.

„Кризата од Ковид-19 и климатските промени му даваат на светот шанса да го преиспита и поправи меѓународниот даночен систем“, рече Георгиева.

„Ние сме особено оптимистични во врска со глобалниот договор за оданочување на доходот на претпријатијата во 2021-ва година. Постои итна потреба да се избегне ризикот тој да стане хаотичен данок или трговска војна во која сите губат“, предупреди Георгиева.

Планот на претседателот Џо Бајден за минимален данок од 21% на странски приход на американски компании може да поттикне многу земји да ја зголемат сегашната стапка. Тоа даде нов поттик на долгогодишните напори на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) да се спротивстави на стратегиите за избегнување на данок на претпријатијата, кои ги користат разликите меѓу нациите. Преговарачите минатиот месец рекоа дека договорот може да стане реалност до средината на летото.

Зад новиот стремеж се крие пандемијата, која што го зголеми националниот долг. Предложената промена не се разликува од промената во третманот на даночните раеви како што е Швајцарија по финансиската криза во 2008-ма година.

Американската иницијатива беше срдечно прифатена од поголемите земји како Франција, чијашто каса ќе има најголема корист со прибирање приходи од глобалните компании кои работат на профитабилни домашни пазари.

Според ОЕЦД, промените во начинот на распределување на даночните приходи би ги зголемиле глобалните приходи на владите до 100 милијарди долари годишно.

Администрацијата на Бајден исто така предложи компромис – да се земе предвид профитабилноста на компанијата при утврдувањето дали повеќето од нејзините приходи треба да бидат оданочувани од земјите во кои работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП