20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтруктурата на вкупните приходи и расходи на банките во 2020 година

Структурата на вкупните приходи и расходи на банките во 2020 година

Според податоците кои ги објави Народната банка, може да се види дека структурата на вкупните приходи на банките во Македонија соодвествува со деловниот модел на банките во кои кредитирањето преовладува како деловна активност.

Така, каматите со учество од 62,6 отсто се најзначајни приходи во структурата на вкупните приходи на банките. Од нив 36,4 отсто се каматни приходи од работа со домаќинствата, 24,5 отсто се каматни приходи од работа со нефинансиски друштва, а 2,7 отсто се каматни приходи од работа со финансиски институции.

Каматните приходи го намалиле своето учество за 2,0 отсто, провизиите го намалиле за 1,7 отсто, а учеството на другите приходи забележале раст од 3,7 процентни поени во однос на 2019 година.

Нето приходите од провизии учествуваат во вкупните приходи со 20,10 отсто, а останатите приходи со 17,30 отсто.

На ниво на банкарскиот сектор најзначајни расходи се трошоците за вработените кои во 2020 година учествуваат со 30,7 отсто во вкупните расходи.

Трошоците за исправка на вредноста на финансиските и нефинансиските средства учествуваат со 26,9 отсто, а со 24,6 отсто учествуваат адинистративните трошоци на банките.

Амортизацијата учествува со 6,4 отсто, премијата за осигурување на депозитисо 4,2 отсто и останатите расходи со 7,1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП