25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенците чуваат 23 милијарди евра во банките

Словенците чуваат 23 милијарди евра во банките

Средствата на словенечките домаќинства на депозитните сметки во банките се зголемија за над две милијарди евра – на рекордни 23 милијарди евра во пандемиската 2020 година во споредба со претходната година, објави денеска Банката на Словенија.

Овој раст се припишува на мерките на пазарот на трудот преземени за време на пандемијата, кои овозможија зголемување на платите, но и затворање на многуте продавници, поради што не беа потрошени поголемиот дел од приходите на домаќинствата.

Минатата година, бруто расположивиот приход на домаќинствата во Словенија се зголеми за 3,8 проценти или 1,1 милијарда евра во споредба со 2019 година, пренесува агенцијата STA.

„Иако домаќинствата имаа на располагање повеќе средства, приватната потрошувачка во Словенија нагло опадна, како и во сите други членки на еврозоната. Причините за тоа главно се поврзани со ограничувачките мерки потребни за сузбивање на ширењето на вирусот и делумно со однесувањето и претпазливоста на граѓаните“, наведува Централната банка на Словенија.

Бидејќи многу услуги беа барем делумно ограничени за време на заклучувањето, а постоечките продавници за стоки беа затворени, домаќинствата потрошија околу 2,6 милијарди евра помалку отколку во 2019 година.

Според Банката на Словенија, домаќинствата во најголем дел ги претвориле своите приходи во заштеди, зголемувајќи ја стапката на заштеди за скоро 11,7 поени на 25 проценти.

Централната банка минатата година регистрираше уште еден тренд – нешто пониска побарувачка за потрошувачки кредити. Износот на тие заеми одобрени од банките и штедилниците опадна во Словенија минатата година за 218 милиони евра, според STA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП