26 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајскапиот развод досега: Што ќе поделат Бил и Мелинда Гејтс

Најскапиот развод досега: Што ќе поделат Бил и Мелинда Гејтс

Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда, објавија дека ќе се разведат по скоро три децении брак, а како што пренесуваат медиумите, парот не потпишал предбрачен договор за поделба на богатството.

Светот беше прилично изненаден од веста дека еден од најмоќните и навидум хармонични славни парови на денешницата, се разведува по 27 години брак. Сепак, по првичниот шок, една од работите што најмногу ги интересира луѓето е како парот ќе го подели огромниот имот, за време на несомнено најскапиот развод во историјата.

Документите за развод поднесени од Мелинда Гејтс во Вашингтон на 3 мај, откриваат дека нивниот брак бил „неповратно изгубен“.

“Овој брак беше неотповикливо раскинат. Бараме судот да го прекине и да утврди дека нашата брачна заедница е раскината на денот кога беше потпишан договорот за разделување”, се наведува во судскиот документ.

Според медиумите, од судската евиденција е јасно дека немало предбрачен договор, но дека единствениот потпишан договор во врска со разводот бил оној за разделба. Покрај тоа, Мелинда не барала алиментација како сопруга.

Што се поседуваат Бил и Мелинда Гејтс

Парот поседува приватен авион и недвижен имот, вклучувајќи го и нивниот главен дом во Вашингтон и куќи во Калифорнија, Флорида, Вајоминг и Масачусетс. Нивната семејна куќа е вила од 6.100 квадратни метри, купена за 2 милиони американски долари и редизајнирана е во текот на седум години за цена од 63 милиони американски долари. Сега вреди 125 милиони долари и содржи седум спални соби, пријавени се 18 купатила, арт деко кино, трпезарија во која можат да се сместат 24 гости, затворен и надворешен базен со подводен музички систем, вештачки поток со лосос и пастрмка и наводно плажа со увезен песок.

Тука е и просторијата за трамболини, просторија за прием во која можат да се сместат 150 лица за вечера или 200 за коктел, библиотека со тајни вртливи полици со книги и бар скриен во една од нив.

Гејтс има и ранч од 59 милиони долари на Флорида и 9 милиони долари вреден ранч во Вајоминг во своето портфолио на имот, кој има пет спални соби, три бањи, пансион, млекара, штала и колиба сместена на сред езеро.

Две куќи во Калифорнија, едната со тркачка патека, овоштарник и штали, се купени за 18 милиони долари, а другата за 43 милиони долари и има шест спални и четири бањи.

Коосновачот на Мајкрософт е љубител на автомобили и поседува Порше 930 Турбо, Јагуар XJ6, Ферари 348 и редок Порше 959. Тој неодамна купи електричен автомобил, Порше Тајкан.

Богатството на Гејтс се проценува на 145,8 милијарди долари

Бил и Мелинда се запознаа во Мајкрософт во 1987 година, откако Мелинда започна да работи таму како менаџер на производи.

Двајцата се венчаа на Хаваи во 1994 година, по седум години познанство. Тој тогаш беше 38, а таа 29. Заедно имаат три деца, двете ќерки Џенифер (25) и Фиби (18) и синот Рори (21).

65-годишниот Бил Гејтс е четвртата најбогата личност во светот, а Форбс проценува дека тој вреди 130,5 милијарди долари. Откако Мајкрософт излезе во јавноста во 1986 година, Гејтс стана најмладиот милијардер кој стекнал сопствено богатство.

Индексот на милијардери во Блумберг проценува дека богатството на Гејтс е уште поголемо, односно 145,8 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП