Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат. Двајцата објавија изјава на „Твитер“ со која потврдија дека по 27 години на бракот му дојде крајот.
„После многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да го прекинеме нашиот брак. Во текот на изминатите 27 години одгледавме три неверојатни деца и изградивме фондација која работи низ целиот свет за да им овозможи на сите луѓе да живеат здрав и продуктивен живот. Продолжуваме да веруваме во оваа мисија и ќе продолжиме да работиме заедно во фондацијата, но веќе не веруваме дека можеме да растеме во пар во следната фаза од нашите животи“, гласи објавата на „Твитер“.

