Како што беше најавено, „Honda“ во Индонезија ја одржа дигиталната премиера на својот нов автомобил наречен „N7X“ („New 7-Seater eXcitement“).
Поточно, „Honda N7X“ официјално е сè уште концептно возило, но медиумите веќе наведуваат дека серискиот модел ќе пристигне за неколку месеци и нема многу да се разликува од оваа студија.



